СКЕНДЕРОВСКИ МАРИНЕ
Компанијата СЕРВИС СКЕНДЕРОВСКИ ДОО е основана во 1991 година.
Почетоците на компанијата се поврзани со автомобилскиот сектор, каде што успешно се занимаваше со увоз и продажба на автоделови, сервисирање на возила и каросериски услуги. Во 1999 година компанијата се пресели во својот деловен објект од 1500 м2 површина на булевар Србија бр. 4 во Скопје.
Во 2003 година компанијата стана овластен дилер за продажба и сервис на возилата PEUGEOT во Македонија.
Следејќи ја својата визија за раст и развој, во 2007 година компанијата започна ново поглавје и навлезе во наутичкиот сектор. Истата година, СЕРВИС СКЕНДЕРОВСКИ стана овластен увозник и дистрибутер на TAHOE глисери и MERCURY мотори за чамци и резервни делови за моторите.
Во 2010 година компанијата стана овластен дистрибутер на QUICKSILVER, а во 2012 година овластен дилер и брендовите BAYLINER и SEA RAY.
Во 2016 година компанијата доби ексклузивни права за продажба на SEA RAY во Македонија, поставувајќи нови стандарди во продажбата и пост продажната поддршка на премиум пловни објекти.
Во 2024 година од компанијата СЕРВИС СКЕНДЕРОВСКИ истапува еден од основачите.
СЕРВИС СКЕНДЕРОВСКИ продолжи да работи, станува ДООЕЛ со еден и единствен основач и управител - Михајло Скендеровски, кој го менува својот назив на фирмата од СЕРВИС СКЕНДЕРОВСКИ во СКЕНДЕРОВСКИ МАРИНЕ ДООЕЛ.
Ја продолжува својата успешна приказна заедно со новата генерација, пренесувајќи ги вредностите на професионалност, доверба и посветеност кон клиентите.
Истата година, Михајло формира ново друштво за меѓународен транспорт на возила - СКЕНДЕРОВСКИ ТРИНИТИ (семеен бизинис) и за управител го назначува својот постар син, Александар Скендеровски.
Во 2025 година СКЕНДЕРОВСКИ МАРИНЕ стана овластен ексклузивен дистрибутер на Vesta Trailers - Marine приколки за пловни објекти, а за првпат на македонскиот пазар ги претстави и алуминиумските чамци Aluminium Marine, проширувајќи ја понудата за чамци за сите категории на љубители на наутиката.
Во 2026 година компанијата СКЕНДЕРОВСКИ МАРИНЕ стана овластен ексклузивен дистрибутер на реномираниот француски премиум бренд JEANNEAU во Македонија, еден од водечките производители на пловни објекти во светот, со што дополнително го зацврсти своето лидерско место на македонскиот наутички пазар.
Во 2026 година, со вклучувањето на помладиот син во работењето - Бојан Скендеровски, СКЕНДЕРОВСКИ МАРИНЕ дополнително ја зајакнува својата семејна традиција и визија за иднината.
Денес, СКЕНДЕРОВСКИ МАРИНЕ е синоним за врвна услуга, квалитетни брендови и професионална поддршка. Со богато искуство, долгогодишна традиција и семејна посветеност, компанијата продолжува да го развива наутичкиот сектор во Македонија и да гради долгорочни партнерства со своите клиенти.
СКЕНДЕРОВСКИ МАРИНЕ – Тука за вашето задоволство на вода.
Во 2009 година, Скендеровски ги доби правата за продажба и услуга на Mercury MerCruiser и Mercury Outboards. Компанијата СКЕНДЕРОВСКИ е симбол на просперитет во автомобилскиот сектор, а нашиот тим навлегува со голем успех со промоција на брендовите како Tahoe, Quicksilver, Bayliner, Sun Tracker, Mako, Nitro, Mercury, Sea Ray, Jobe, Valiant, Poseidon и EZ Dock на македонскиот пазар.